Монако ја елиминираше Ница во националниот куп

Фудбалерите на Монако се изборија за пласман во полуфиналето од францускиот Лига куп во вторникот вечерта откако со 2:1 во четвртфиналето на гостувањето ја совладаа Ница.

Сите три гола беа постигнати во првото полувреме. Монако поведе уште во третата минута со голот на Тома Лемар, израмни Аласане Плеа во 18 минута, но гостите до новата предност дојдоа во 37 минута преку Ада Диакаби.

Во второто полувреме немаше толку шанси како во првиот дел. Ница се обидуваше уште еднаш да го израмни резултатот, но немаше решение за одбраната на Монако кој успеа да ја сочува предноста.

Другите три натпревара од четвртфиналето на распоредот се во средата, а двојките се Рен – Тулуз, Амјен – ПСЖ и Анжер – Монпелје.