Монако убедлив во дуелот со Амјен, ПСЖ со пресврт во Монпелје

Во последниот натпревар од саботната програма од 17-то коло на француското фудбалско првенство, Монако со 3:0 го победи Амјен, додека водечкиот Пари Сен Жермен со пресврт дојде до победа од 3:1 на гостување кај Монпелје.

Монако до трите бода дојде за само седум минути во второто полувреме, со головите на Бисам Бен Једер во 62, Гиљермо Марипан во 66 и Бакде Кејта 69 минута.

Монако дојде до 24 бодови со кои е на деветтото место на рабелата, а Амјен со 16 бодови е 17-ти.

Во Монпелје домашните поведоа во 41 минута со автоголот на Леандро Парадес. Но откако во 72 минута од игра кај домашните беше исклучен Педро Мендез, ПСЖ ја искористи предноста со брзите погодоци на Нејмар во 74, Килиан Мбапе во 76 и Мауро Икарди во 81 минута.

Водечкиот ПСЖ сега има 39 бодови, осум повеќе од второпласираниот Марсеј, додека Монпелје е е седми со 24 бодови.

Во другите средби во саботата Ница со 4:1 го совлада Метц, Ренс со 2:1 беше подобар од Анжер, а Стразбур со 4:2 од Тулуз. Во петокот Лил со 1:0 го совлада Брест, а Лион со 4:0 триумфираше на гости кај Нимс.

Во недела се играат дуелите: Ремс – Сен-Етјен, Нант – Дижон и Марсеј – Бордо.