Монета со ликот на Едвард VIII продадена за над милион долари

Ретка кованица со ликот на Едвард Осми до 1937 година е продадена на приватен колекционер за 1,31 милиони американски долари, со што станува најскапо продадената британска паричка кога и да е.

Оваа паричка е една од шесте кои ги изработила кралската ковачница кога Едвард станал британски крал во 1936 година и требало масовно да биде пуштена во оптек од 1-ви јануари 1937 година. Меѓутоа, тој абдицира во 1936 година за да се ожени со разведената Валис Симпсон, па ковањето е прекинато а монетите со неговиот лик никогаш не влегле во поширока употреба.

Едвард Осми инсистирал на тоа на портретот да му биде претставен само левиот профил кој повеќе го преферирал, прекинувајќи ја традицијата на новиот монарх да му се прикажува спротивниот профил од претходникот. Претставниците на кралската ковачница сметаат дека тоа го сторил бидејќи сакал да го покаже патецот.

Кралската паричка е тип од златна кованица со кралскиот лик во вредност од една фунта. Повеќе не е во употреба, но сѐ уште е прифатена како законско средство за плаќање во Велика Британија. Искована е од 22-каратно злато, малку е помала и полесна од модерните ковани парички, со дијаметар од 22 милиметри а тежи 7,98 грама.

„Англиската златна пара со ликот на Едвард Осми е една од најретките и за колекционерите најпосакуваните парички на свеото, на не претставува изненадување што е поставен рекорд за британските кованици“, изјави Ребека Морган, одговорна за колекцијат во 1.100 години старата кралска ковачница.

Од шесте оригинални примероци, четири се во музеи и институции, а два се кај приватни колекционери. За нив не се знаеше до 1970 година, бидејќи биа ставени под клуч и на нив се гледало како дел од музејската збирка на кралската ковачница, поради чувствителноста на абдикацијата на Едвард.

Продадениот примерок од паричката, Кралската ковачница го набавила од американски колекционер, го вратила во Велика Британија и го продовала на новиот купувач.