Моника Белучи доби награда за животно дело на фестивал во Белгија

Италијанската ѕвезда Моника Белучи доби почесна награда за животно дело на филмски фестивал во Белгија.

Во оваа пригода таа носеше креација потпишана од познатата британска дизајнерка Стела Мек Картни, а многумина се изненадени од нејзиниот „стајлинг“ и коментираат дека само таа на 55 години може да се облече вака.

Белучи носела долг црн фустан, што ја прати нејзината „линија“, а има мрежест горен дел, поточно црна мрежа со мали светки.

Малку екстравагантно, малку рокенрол, неочекувано и дефинитивно феноменално во целина!

Monica Bellucci attends the 10 “Magritte du Cinéma” at Square Brussels on February 1, 2020 in Brussel, Belgium., Image: 496035344, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Sebastien Courdji / KCS Presse / Profimedia

Следејќи го примерот на престижната француска филмска награда „César Award“, која се доделува на крајот на февруари, белгиската награда за најголеми достигнувања во филмската индустрија „Les Magritte du Cinéma“ се доделува на почетокот на февруари и е најважниот филмски настан во земјата.