Монпелје пресилен за Металург и во Скопје

Македонскиот ракометен вицепрвак Mеталург по вторпат е поразен од фанцускиот претставник Mонпелје во натпреварот кој во неделата вечерата се играше во Скопје во рамките на седмото коло од Групата Д од ракометната Лига на шампионите со 21:27.

Уште од почетокот Монпелје го презеде водството, но Металург не дозволуваше да се одлепи на повеќе од три гола разлика, за на полувреме да се замина со негатива од 14:16.

Во второто полувреме двете екипи продолжија со играта гол за гол и неизвесноста траеше до десет минути пред крајот кога при резултат 21:22, Монпелје со пет голови во серија дојде до 27 погодоци, а Металург и покрај сите обиди не успеа да постигне ниеден.

Во вториот последователен пораз, Пешевски, Анѓелиќ и Јагањац беа најпрецизни со по пет погодоци. По ова коло, Металург останува четврт во групата Д со четири порази, две победи и едно реми, додека Монпелје и понатаму е лидер со максимални седум победи.

Идната седмица недела Металург е пред две тешки гостувања. В среда кај Мешков Брест во СЕХА лигата и в сабота кај Бешкташ во Лигата на шампионите.