Монструмот од Младеновац се степал во затвор и го повредил неговиот цимер

20-годишниот Урош Блажиќ, кој на 4 мај уби осум и рани 14 лица во селата Мало Орашје и Дубона, синоќа се степал во затворското одделение во Смедерево.

Неофицијалните информации велат дека Блажиќ по расправија физички го нападнал и со тупаница го удрил својот цимер од ќелијата.

„Затвореникот кој се борел со Урош добил модринка на окото, додека убиецот бил неповреден“, изјавил анонимен извор за порталот 24седам. Инаку, на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, Блажиќ признал дека масакрот го извршил затоа што „чувствувал дека мештаните заговараат против него и дека е изложен на потсмев “.

Крвавиот напад на Блажиќ во селата кај Младеновац се случи само еден ден по пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Блажиќ го започна крвавиот поход во Мали Орашје, а потоа се упати кон Дубона. Полудениот напаѓач по масакрот побегнал, а потрагата по него траела до раните утрински часови кога бил пронајден на 50 километри, во близина на Крагуевац, каде се сокрил во куќата на роднина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.