Монструозен и инцестен култ откриен во Сиднеј: Браќа и сестри, тетки и внуци добивале деформирани деца

Според австралискте медиуми во близина на Сиднеј е откриен култ во кој браќа и сестри имале деца, а сексуални односи се одвивале и меѓу тетки, чичковци, внуци и братучеди.

Сосема случајно, од локалните граѓани биле забележани повеќе деца кои не оделе во тамошното училиште. По интеревенција на полицијата е откриено дека станува збор за култ од десетици возрасни и малолетни лица, повеќето со физички деформитети и пречки во развојот, како живеат во бедни и нехигиенски услови без вода и електрична енергија.

Австралиските медиуми  посочуваат дека култот го нарекле „Колт“ и дека полицијата нема да открива повеќе детали за идентитетот и годините за да се заштитат малолетните лица. Но, судот во Нов Велс дозволил да се објави сторијата бидејќи смета дека светот треба да знае за најтешкиот случај за злоставување деца кој некогаш е откриен.

Во изолираната заедница која со години вешто се криела од очите на јавноста живееле четири генерации на мајки и татковци, браќа и сестри, братучеди, тетки и чичковци, кои имале сексуални односи од кои се раѓале деца со болни деформитети, пречки во целокупниот развој, и физички и психички. Децата, на кои според медиумите, е очигледно дека им треба медицинска нега и помош, биле чувани во страшни услови,смрдеа, отпад и прашина на сите предмети во импровизираните живеалишта.

Според информациите кои го објавија медиумите од Австралија, но и некои од светските, едно од момчињата има тежок облик на псоризаја и проблеми со одот, друго момче имало проблеми со видот и слухот, а деветгодишно девојче има проблеми со видот, пелтечи кога говори и не знае што е тоа бања, ниту пак тоалетна хартија.

Монструозното семејство често се селело, од Јужна Австралија во Викторија, Западна Австралија, па назад во околината на Синдеј.  И во Сиднеј немало да бидат откриени ако локалните жители не ја информирале полицијата дека на блиските ридови забележале деца, валкани и немирни кои никогаш не ги виделе во училиштето.

Полицијата и социјалните работници биле шокирани кога пристигнале на локацијата каде живеел култот. Биле сместени на 32 километри од најблиското населено место. Пронашле 40 возрасни личности и деца кои живееле во трошни приколки, два шатори и две импровизирани шупи, без вода и канализација. Насекаде имало ѓубре и прашина, електрични кабли, а на еден кревет дури лежел и кенгур. Немало тоалети, ниту тушеви.

„Никогаш нема да заборавам што видов“, изјавила една полицајка која во тој миг не била свесна колку членови брои култот, и какви им се врските, кој е татко, брат, дете, кои се родители, а всушност се брат и сестра. Со генерации овој култ практикувал инцестуозни односи, а на тоа ги учеле и децата кои ги злоставувале штом биле доволно стари.

Резултат на овие монструозни репродукции се пречки во развојот на многу деца и бројни физички хендикепи. Само едно девојче имало родители кои немале крвно сродство.

Истрагата  во тек, децата се згрижени, пренесуваат медиумите.