Монструозно злосторство на медицинска сестра во Британија: Уапсена за убиство на осум бебиња

Медицинска сестра од Велика Британија  е приведена со обвинение дека е виновна за смртта на неколку бебиња. Полицијата соопшти дека жената била повторно уапсена под обвинение за убиство на осум бебиња и обид за убиство на уште девет во болницата „Честер“, јужно од Ливерпул.

Британските медиуми јауваат дека полицијата прво почнала истрага поради необјаснивата смрт на бебе во мај 2017 година. Детективите ги прегледале записите за 15 новороденчиња кои починале во 2015 и 2016 година, а подоцна тој број се искачи на 17 смртни случаи и 16 повредени бебиња. Медицинската сестра претходно беше уапсена во 2018 и 2019 година и беше ослободена со кауција и не беше обвинета.

Таа денес беше испрашувана во одделот за притвор, а главниот инспектор Пол Хјуз изјави дека тимот детективи работи на многу сериозен и чувствителен случај, но тој не сакаше да даде повеќе детали.

„Родителите на сите бебиња се во тек со истрагата и биле информирани за најновите случувања. Ова е многу тешко време за сите овие семејства и важно е да се запамети дека многу тажни семејства бараат одговори на прашањето што им се случило на нивните деца“, рече Хјуз.