Монтеѕемоло: Алонсо си оди од Ферари

127

Иако Лука Ди Монтеѕемоло пред три дена се повлече од претседателската функција во Ферари, сепак даде изјава за италијанските медиуми во која потврди дека Фернандо Алонсо сигурно ќе го напушти овој Ф1 тим по крајот на актуелната сезона.

Тој се обиде да објасни кои се причините поради кои шпанскиот пилот одлучил да ја прекине соработката која трае скоро пет години.

“Алонсо си заминува поради две причини. Прво, тој сака да зацементира во новата средина во вистинско време. Второ, тој е веќе е во години кога не може да чека за повторно да стигне до титулата. Разочаран е што овие години не освои титула и потребна му е нова мотивација, нови предизвици и нови стимули” – изјавил Ди Монтеѕемоло за италијанската телевизија „Раи“.

Наводно, Монтеѕемоло потврдил дека Алонсо оди во Мекларен Хонда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.