Монти Вилијамс е избран за тренер на годината во НБА

Тренерот на НБА тимот Феникс Санс, Монти Вилијамс е избран за тренер на годината, открива ЕСПН.

49-годишниот Вилијамс доби највеќе гласови од своите колеги тренери (во гласањето учествуваат сите 30 тренери во НБА) и е добитник на престижната награда која го носи името по Мајкл Голдберг, долгогодишниот директор на тренерската асоцијација (НБЦА).