Мопед удри во тригодишно дете на тротинет

Тешка несреќа се случила вчера 13.15 часот  на крстосницата од улиците .„Марко Крале“ и „Хо Ши Мин“ во Скопје, кога мопед „априлија рели“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот Т.Б. од Скопје, удрил во тригодишно девојче кое возело тротинет.

По незгодата, детето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.