Мора да има одговорност, затоа што само така ќе имаме држава, порача Мицкоски

Не сме сите исти, и во зборот што го кажуваме вреди. Не сме исти во сериозноста издржаноста и идните резултати на проектите реформите што се ветуваат за разлика од она што Заев го ветуваше и не го направи. Не сме исти и во луѓето кои денес се со нас,а ќе ви докажат дека може не само многу подобро поквалитетно да се работи и повеќе од ова сега туку ќе бидат квантен скок во споредба со ликови како Радмила, Спасовски, Рашкоски, Филипче, Кирацовски и останатата рекетарска дружина, порача опозицискиот лидер Христијан Мицкоски од големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ

„Тоа убивање на правдата и отсуство на резултати донесе апатија кај народот, и јас таа ја разбирам. Но таа сама по себе не е одговор затоа што така власта која е суштинската причина за таа апатија ако не биде казнета ќе продолжи како досега. Народот на локалните избори го казни ВМРО и ВМРО ја научи лекцијата, сега треба да го казни СДСМ за СДСМ да научи. Со седење дома и апатија нема промени на подобро. И таа апатија ја посакува СДСМ бидејќи таа значи поддршка за нив. Мора да опстои вербата и надежта дека може подобро и да се почувствува оваа енергија која значи промени и обнова. Следните избори се нова шанса за нашиот народ да си ја врати државата во свои раце и да покаже дека Македонија може и заслужува повеќе“, порача Мицкоски.

Се обврза од собирот пред судот во Скопје дека по изборите на 12-ти април и промената на власта, ситуацијата во земјата нема да биде иста како сегашната.

Додаде дека има разбирање за нервозата кај актуелната владејачка гарнитура, посочувајќи дека „народот е кренат на нозе“ и е веќе свесен за тоа што се случува. Мицкоски рече и дека со искуството за луѓето кои во моментог ја водат државата, нема да минат нивните обиди за дефокусирањате на јавноста со измислени теми.

„А денес протестираме затоа што неправдата станува неподносливо секојдневие. И затоа што се виде зошто Заев се бореше толку за закон за обвинителство со кој се надева бомбите да не важат. Но ако се премолчи и ова тогаш чуму судство и обвинителство. А обвинитеството и судството не смее повеќе да молчи за убвањето на правдтаа“, рече Мицкоски.

Во продолжение лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги истакна следните барања.

Прво, покренување на истрага за злоупотреба на службенатаа должност од страна на Зоран Заев кој се меша во обвинителски постапки, и одлуки на Врховниот суд. И тоа истрага од тим на обвинители кои нема да ги одбере Рускоска, поточно Заев, туку обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност. Мора да има обвинение по кое Заев ќе одговара за попречување на правдата.

Второ, согласно Уставот, Врховниот суд на Република Македонија е највисок суд во Републиката и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите. Кога врвот во судството не ви чини, тогаш надоле е труло. Кога во врвот слушаме дека се диктирале одлуки од премиерот значи дека правдата целосно затаила. Затоа бараме итна и неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивите одлуки. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности потребно е оставки и одговорност пред законите.

Трето, итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе значи времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализција на реформите.

„Очекуваме реакција, и тоа брза ракција, а доколку ја нема, народот е тука и веќе добро знае што треба да направи и каков одговор да следи на 12ти април. Затоа во оваа држава под власт на правдоубиецот Заев ниту една работа не е на прав пат, но по вакви злодела, по вакви неправди и брутални грабежи, треба да знаат и тој и таквите како него, и тој и тие кои слугуваат, како и сите други кои ќе се огрешат, прав е патот само до затворот Идризово“, порача Мицкоски.

Повтори дека одговорност ќе има, без оглед на тоа за кого станува збор и од која партија доаѓа, затоа што граѓаните ја „земаат судбината во своите раце“ и „знаат како треба“.

„Ова се последните крици на исплашените, на престапниците и криминалците. Ова за нив е борба за спас на мафијата, за мене е борба за спас на Македонија“, заклучи Мицкоски..