Мора да се стави крај на грабежот на државата, затоа се потребни итни промени

Нашите граѓани не заслужуваат ваква власт, гледаме дека се работело за суми од 250 илјади евра, а вмешани се поединци поврзани високо во власта. Да беше нормален политички систем ќе паднеше владата, сами ќе повикаа на одговорност, рече Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Што не јасно што се емитува на телевизија Алфа говорејќи за аферата 250 илјади евра за Вице Заев од РЕК Битола.

„Видовме дека МВР постапило за овој случај во време на Наќе Чулев, а СДСМ што правеле? Кинеле страници, менувале кривични пријави и обвинителството треба да го истражи овој случај, ама и обвинитестввото треба само да се истражи. Затоа што гледаме дека има јавни обвинители кои ја злоупотребуваат службената положба, затоа младите заминуваат треба да се избориме за реална, а не фиктивна правда. Дополнително обвинителството треба да даде одговор и за криминалот“, рече Муцунски.

Според него мора да се стави крај на грабежот и пустежот на државата.

„Граѓаните треба да направат разлика како било претходно кога било ВМРО-ДПМНЕ на власт, како е сега со СДСМ, какви биле цените, каков бил стандардот на живеење, кои се разликите. Сега имаме ситем во кој нема р од реформа, нема ни еден капитален проект“, кажа Муцунски и заклучи дека се потребни итни промени, бидејќи држава оди кон распад.

Оттука додаде тој, затоа потребна е и промена на СДСМ како владеачка партија.