Моралес објави оставка од должноста претседател на Боливија, обвини за преврат

Боливискиот претседател Ево Моралес ја објави во неделата вечерта по средноеворпско време оставката од должноста во телевизиското обраќање, но најави дека „борбата не престанува“ и обвини за државен преврат.

„Поднесуваме оставка, за напите браќа и сестри, државните службеници, да не бидат подложени на напади и закани. Нашата голема желба е враќањето на општествениот мир“, рече Моралес додавајќи дека оставка поднесува и неговиот потпретседател Алваро Гарсиа Линера.

Моралес ја оцени актуелната состојба во Боливија како дражвен превррат, во која по примирјето во неделата беа обновени протестите истовремено откако Организациајта на американсктие држави (OAS) изрази оцена дека претседателските избори на 20-ти октомври на кои Моралес прогласи победа по првиот круг биле нерегуларни.

Моралес претходно во неделата се согласи да се одржат потполно нови претседателски избори, но подоцна во текот на денот армискиот врв го повика да поднесе оставка на претседателската должност.

„Браќа и сестри, сакам да ви порачам дека нашата борба не заврѓува, ние ќе продолжиме да се бодирме за еднаквост и мир. Сега моја должноста како претседател е да најдам начин да ја смирам ситуацијата“ во земјата, рече Морале во телевизиското обраќање емитувано преку социјалните мрежи и интернет.

Боливиските вооружени сили го повикаа претседателот Ево Моралес, кој претходно во неделата се согласи за одржување на новите претседателски избори, да поднесе оставка за да се обезбеди стабилност на земјата, пренесе агенцијата Reuters.

„Со оглед на ескалацијата на конфликтот и загрижени за човечките животи (…) го повикуваме претседателот да поднесе оставка“, изјави на прес-конференција пренесувана на Facebook, командантот на Вооружените сили на Боливија, Вилијамс Ромеро

Како што објави во неделата вечерта по средноевропско време електронското издание на весникот Pagina 7 повикувјќи се на на воздухопловните сили на Аргентина, истовремено авионот на боливискиот претседател побарал план за летање во аргентинскиот воздушен простор. Според информациите на весникот, авионот на Ево Моралес полетал од Ла Паз од меѓународниот аеродро Ел-Алто.

Левичарскиот боливиски претседател Моралес кој како прв претсдател кој потекнува од индијанската заедница е на власт од 2006 година, претходно во неделата објави одржување на целосно нови претседаетлски избори во услови на повеќенеделни масовни протести и по прелиминарниот извештај на Организацијата на американските држави (OAS) според кој се изразува силно сомневање дека Моралес победил уште во првиот изборен круг пред четири седмици.

Неговиот главен ривал на изборите на 20-ти октомври, Карлос Меса и другите опозициски кандидати, бараат Моралес да не учествува на новите избори за шеф на државата и оти мора да поднесе оставка. Моралес оцени дека ваквото барање претставува обид за државен удар.