Моралес објави за обид да биде уапсен, полицијата негира

Довчерашниот боливиски претседател Ево Моралес кој на власт беше до 2006 година а се повлече од должноста под притисокот на протестите со кои се оспоруваше неговата победа во првиот изборен круг во октомври, објави дека имало обид за негово апсење.

„Полициски службеник јавно објави дека му е наредно да ја спроведе незаконската потерница за мое апсење. Покрај тоа, група криминалци го нападнаа мојот дом. Превратот го поткопува владеењето на правото“, напиша Моралес на Twitter.

Малку претходно министерката за здравство, Габриела Монтањо, изјави дека боливиската полиција има намера да го уапси досегашниот претседател Ево Моралес. Тоа подоцна го потврди и челникот на опозицијата, Луси Фернандо Камачо.

Сепак, началникот на боливиската национална полиција, Јуриј Калдерон, ја негираше информацијата за постоење налог за апсење на Моралес и членови на владата. Според него, правото да издаваат такви налозите на обвинителството, а не на вработените или челниците на полицијата, којашто само извршува наредби.

„Постои барање од јавниот обвинител (…) да се испитаат и притворат осомничени сторители и соучесници во прекршувањето на изборниот закон“, прецизира Калдерон. Во врска со ваков налог, претходно беше уапсено раководството на боливиската централна изборна комисија.

По пребројувањето на гласовите од првиот изборен круг за претседателските избори на 20-ти октомври, во Боливија избувнаа безредија и судири меѓу приврзаниците и противниците на Моралес во кои загинаа три лица а околу 360 се повредени. Причина беше сомневањата поради можно местење на изборниот резултат. Во моментот на престанување на обработка на изборниот материјал, Ево Моралес беше во водство со 45,3 отсто пред главниот противкандидат Карлос Меса со 38,2 отсто. Според законот во Боливија, за победа во првиот круг потребни се повеќе од 40 отсто од гласовите и 10 отсто повеќе од првиот следен кандидат. По 24-часовната пауза во објавувањето на резултатите, беа објавени најновите, според кои Моралес има 46,85 отсто од гласовите, а Меса 36,73 отсто. Ваквиот исход му осигури победа на Моралес уште во првиот круг.

Протестите траат и сега во трите најголеми града, Санта Круз, Сукре и Кочабамба, каде што делови од полицијата им се приклучија на демонстрантите. Вооружените сили во неделата го повикаа Моралес да отстапи од должноста.

Неколку часа подоцна шефот на државата распиша одржување нови претседателски избори, но потоа ја најави својата оставка од должноста, Алваро Гарсија Линера, потпретседател и спикер на двата дома на парламентот, исто така, поднесе оставка на функциите. Потоа, втората заменик-претседателска на Сенатот, која доаѓа од опоицијата, Жанин Ањес, изјави дека врховната власт се пренесува на неа и најави одржување нови претседателски избори. Меѓутоа, опозицијата бара Моралес да не учествува на нив.

Во последното обраќање до јавноста Моралес порача дека нема намера да бега од земјата, иако претходно аергентински медиуми во неделата објавија дека авионот на боливискиот претседател барал прелет над Аргентина. Мексикот му предложи прибежиште на тероријата на амбасадата во Ла Паз. Според мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард, дваесетина боливиски функционери и пратеници веќе се наоѓаат во амбасадата,.

Челниците на Куба, Венецуела, Мексико, како и избраниот претседател на Аргентина, Алберто Фернандез, ги осудија последните настани во Боливија и оценија дека станува збор за државен удар.