Моралес обвинет за бунт и тероризам

Преодната влада на Боливија поднесе обвинение за бунт и тероризам против поранешниот претседател Ево Моралес.

Вршителот на должност министер за надворешни работи Артуро Муриљо изјави дека обвинението се однесува на видео –снимката на која се слуша како Моралес координира со блокадите за време на протестите во Боливија.

Тој додаде дека владата бара максимална казна од 15 до 20 години затвор за Моралес.

Кризата во Боливија почна по победата на Моралес на оспорените избори на 20 октомври. Тој поднесе оставка на 10 ноември, а потоа доби азил во Мексико.

Боливискиот Парламент денеска треба да донесе закон со кој би биле подготвувани нови избори, откако пратениците на трите водечки партии постигнаа договор за тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.