Моралес прогласи победа уште во првиот круг од претседателските избори во Боливија

Боливискиот претседател Ево Моралес се прогласи за победник на претседателските избори, тврдејќи дека е во големо водство во однос на главниот ривал Карлос Меса.

Британските медиуми напоменуваат дека тоа е доволно за негова победа уште во првиот круг од изборите.

-Победивме во првиот круг, порача Моралес на прес конференција, додавајќи дека останале да се пребројат уште само 1,5 отсто од гласовите.

Американскуите медиуми навдуваат дека Меса го обвини актуелниот претседател дека направил „голема измама“ за да биде реизбран по четврти пат.

Врз основа на 98 отсто од преброените гласови, Моралес освоил 46,78 отсто од гласовите.