Моралес се засолнил во Мекско, судирите во Ла Паз продолжуваат

Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес лета за Мексико во вторникот со авион на мексиканската влада којашто претходно во понеделникот потврди дека му понудила и одобрила политички азил.

Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард потврди дека неговата влада испратила авион во боливиската престолнина Ла Паз по Ево Морале, како и дека азилот му е одоброн поради хуманитарни причини, бидејќи неговиот живот и интегритет се загрозени.

Во понеделникот ноќта Моралес јавно објави дека ја напушта Боливија и замнува во Мексико.

„Браќа и сестри, заминувам за Мексико. Ме боли тоа што ја напуштам земјата поради политички причини, но секоча ке следам (ситуацијата). Наскоро се враќам со повеќе сила и енергија“, напиша во последователнито твит Моралес притоа заблагодарувајќи ѝ се на мексиканската влада.

Моралес објави во неделата дека поднесува оставка по 13 години на претседателската должност за да ги смири протестите кои станаа насилни, а кои избувнаа по спорните претседателски избори на кои беше објавено дека победил уште во првиот круг со 10 отсто разлика пред најголемиот конкурент. Меѓутоа, првиот претседател на Боливија во историјата кој потекнува од локалната индијанска заедница, порача дека е жртва на државен удар,
(
Претходно во неделата Моралес се согласи на одржување нови претседаетлски избори според препораката од Организацијата на американските држава (ОАS), чии набљудувачи правеа ревизија на изборите од 20-ти октомври и откриле „сериозни неправилности“. Потоа, претседателот поднесе оставка од дложноста, откако тоа од него го побара војниот врв.

Во вторникот војската порача дека ќе воспостави ред и мир во соработка со полицијата, откако во понеделникот најмалку 20 луѓе се повредеи во судирите во седиштетот на владата во Ла Паз и во соседниот Ел Алто, пренесува весникот La Razon.

Полицијата со солзавец се обидела да ги растера противниците и приврзаниците на Моралес кои се судруваат на улиците на поголемите градови.

„Војниците ќе спроведат операции со полицијата за да спречат крвопролевање и поголеми загуби“, порачи главниот командант на вооружените сили Вилијам Калиман, доавајќи дека ќе се користи „соодветна сила“ против „групите вандали кои ги тероризираат граѓаните“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.