Мората ја собори Специја: Јувентус им побегна на Рома и Аталанта (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Јувентус ја оправда фаворитската улога против Специја и славеше со минимални 1-0 во 28. коло на италијанската Серија А.

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората во 21. минута погоди за водство на Јувентус од 1-0, по што Специја имаше свои шанси за да му ја украде победата на гигантот, но не ги искористи.

Јувентус е на четвртото место со 53 бодови, односно шест повеќе на Рома и Аталанта, додека зад лидерот Интер има пет бода.