Мората дигна раце од Реал (М)

Младиот напаѓач на шпанскиот гигант Реал (М), Алваро Мората, откри дека во игра е и опцијата во следните шест месеци да настапува како позајмен фудбалер во некој друг клуб и во кој ќе има поголема минутажа.

„Јас сум дел од Реал (М) уште од времето кога бев дете. Сакам тука да останам цел живот и цел живот ќе навивам за Реал (М). Сепак сакам да имам некоја поголема улога во тимот, а за тоа потребно е повеќе простор. Ако не добијам поголема минутажа, тогаш нормално е мојата среќа да ја побарам на друго место, некаде во странство. Имам потреба од поголема мотивација, а тие кои се дел од фудбалскиот свет добро знаат дека секоја минута во фудбалскиот свет е злато”, изјави малдинскиот репрезентативец на Шпанија.

Младиот напаѓач во последните неколку дена беше поврзуван со трансфер во редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, а за 6-месечната позајмица, популарните “топчии” се подготвени да платат околу 1.7 мил. евра.