Мората му донесе успех на Атлетико во здодевниот дуел со Баер

Атлетико (Мадрид) го совлада Баер Леверкузен со 1-0 во третото коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Единствениот гол беше дело на Алваро Мората во 78 минута.

Тој стана првиот играч кој постигнал гол и за Атлетико, и за Реал Мадрид во ЛШ.

„Јорганџиите“ по овој дуел веќе имаат 7 бода и се пред Јувентус, кој со победа против Локомотив Москва вечерва може да се израмни на врвот на табелата.

Леверкузен остана со еден поен во групата „Д“.

Во другиот дуел од раната програма, Шахтјор Доњецк и Динамо Загреб одиграа 2:2.