Мората се предомисли, сега сака да остане во Мадрид

Младиот напаѓач на шпанскиот гигант Реал (М), Алваро Мората се обиде да стави крај на исте шпекулации околу неговата иднина и на приказната дека сигурно ќе си замине од “Сантијаго Бернабеу” за време на зимскиот преоден рок.

“Точно дека многу работи беа кажани во изминатиот период, но јас сум среќен во Мадрид и сакам да останам на “Сантијаго Бернабеу”. Разговарав и со тренерот и со клупските челници. Секој ден разговарам и со моите соиграчи. Цел живот сум дел од овој голем клуб и знам дека играм за најдобриот клуб во целиот свет. Тука играат најдобрите фудбалери и сакам да им помогнам. Ќе им помогнам, без разлика колкава ќе биде мојата минутажа. Норамлно дека ќе бидам уште посреќен ако добијам некоја минута повеќе. Јас можам да ветам дека ќе работам напорно, дека сакам да напредувам и дека сакам да останам во Мадрид”, изјави малдинскиот репрезентативец на Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.