2.4 C
Skopje
четврток, април 2, 2020

Морбили кај докторка и болничарка на неврологија, во здравството вкупно 122 заболени

354

Двете вработени најверојатно се заразиле од пациентка која пред две недели била хоспитализирана поради слабост во нозете. Таа била негователка во една од скопските градинки, а осипот се појавил додека престојувала на Клиниката.

Поради оваа ситуација, утринава на сите вработени на Неврологија им била земена крв за анализа за да се утврдат антителата во крвта, по што ќе се вакцинираат тие што ги немаат. Информацијата на НОВА ја потврди директорот Иван Барбов.

Во епидемијата со мали сипаници регистрирани се вкупно 122 случаи кај медицинскиот персонал во здравствени институции, потврдуваат во Институтот за јавно здравје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.