Морбилите покосија и трето дете, Филипче не мрда од фотелјата

98

Четиринаесетмесечно бебе од тетовско почина пред неколку часа на скопските клиники. Детето починало на Детската клиника. Ова е третото дете жртва на морбилите. Состојбата станува алармантна.

Заразено од мали сипаници, пред еден ден исто така почина бебе од Свети Николе, а животот го загуби и 6-месечно бебе исто така од компликации предизвикани од морбили.

Уште неколку деца се наоѓаат во критична состојба, а бројот на заразени од морбили, расте секој ден.

Шестмесечното бебе заболено од морбили почина пред два дена на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче, по оваа трагедија посочи дека бебето имало компликација на белите дробови.

Во изјавата потенцираше дека бебето кое почина било невакцинирано. На оваа возраст бебето, секако, не може да се вакцинира со МРП, но министерот не почувствува потреба во таа изјава да каже било што друго, ниту пак најави дополнителни мерки за да ги пмотивира родителите да ги вакцинираат своите деца. По социјалните мрежи не стивнуваат реакциите и според дел од граѓаните најлогично би било да си поднесе оставка.

Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал не можеа да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на  вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици, рече Филипче.

 

Додека јавноста се уште е вознемирена од претходните два случаи, денеска се случи нова трагедија која е доволен доказ дека состојбата е повеќе од алармантна, а дополнителни мерки од Миниостерството не се најавени.

Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината  во  здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Неспорно е дека епидемијата од морбили може да се спречи со вакцинирање, но за смртта на овие три дечиња некој мора да понесе одговорност. Едното бебе било премногу мало да ја прими вакцината, а другите две биле на возраст на границата потребна за вакцинирање.

Од друга страна, според реакциите на граѓаните Филипче мора да сфати дека и лично тој е заслужен што дел од родителите загубија доверба во вакцината додека тој тераше политичка кампања пред референдумот. Тој тогаш пишуваше дека дури откако Македонија ќе влезе во ЕУ, граѓаните ќе добијат најквалитетни вакцини. Дополнително се создаде недоверба и поради спорните вакцини со изминат рок, случај за којшто досега никој не понесе одговорност. Според Филипче случајот за „Македонија лек“ е под истрага во Основното јавно обвинителство, но досега нема кокретни информации за истрагата.

Вкупната бројка на заразени од прогласувањето на епидемијата се искачи на речиси 200. Досега се вакцинирани 50 проценти од невакцинираните, поточно извршени се 6.105 вакцинации.

На сила се уште е забраната во градинките да се примаат невакцинирани деца. Филипче се надева дека тоа ќе доведе до смирување на епидемијата.

 

Skin Delight