Морбилите ставија клуч на вратата на струшка хирургија

Епидемијата на морбили – ја зафати струшката болница, речиси половина од лекарите и медицицинскиот персоснал – во хируршкото одделение се заразија со мали сипаници, поради тоа одлделнието е затворено, операциите се откажани, а работи само хуируршката амбуланта.

Поради ова, комисијата за интерхоспитални инфекции во болницата одлучила да се затвори одделението на десет дена. Итните случаи ќе се праќаат во болницата во Охрид, или во скопските клиники.

Бројот на вкупно заболени од стартот на епидемијата во Струга е 126.
Морбилите на ниво на држава непрекинато се шират. На неделно ниво, се регистрираат над 100 заболени. Минатата седмица се забележа највисока бројка на заразени од стартот на епидемијата – 134.

За разлика од претходно, кога повеќе се заразуваа деца, сега поголем е бројот на возрасни над 30 години што заболуваат од морбили.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.