Морваи: Земјите од Западен Балкан да ги земат работите во свои раце

балкан

Морваи, која вчера учествуваше на панелот „По Париз, по Брегзит – перспективите за Западниот Балкан“ во рамки на шестиот Белградски безбедносен форум, изјави дека земјите од Западен Балкан за иднината треба да размислуваат, не само во контекст на Брегзит, туку и за референдумот во Холандија, бегалската и другите кризи со кои Европа се соочува и бори.

– Тие ќе ја преобликуваат Европската Унија. Мислам дека треба да се фокусираме на развојот, без разлика на перспективата за членство во временска смисла и треба да се зафатиме со многу конкретни процеси, кои навистина се во наши раце, смета Морваи.

Брегзит, нагласи таа, укажува на тоа дека државите од регионот треба навистина да ги преземат работите во свои раце, бидејќи, како што вели, останаа малку надворешни актери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.