Моштите на Свети Кирил денеска ќе се изложат во Богданци

Во Католичкиот храм во Богданци, денеска на празникот на сесловенските апостоли и просветители светите Кирил и Методиј, првпат во Македонија ќе бидат изложени моштите на Свети Кирил.

Во овој католичкиот храм, кој го носи името на солунските браќа, ќе се одржи и света Архиерејска Златоустова литургија, која ќе почне во 10 часот.

Литургијата ќе ја предводи д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, а веднаш по неа ќе се одржи Молебен во чест на Светите Кирил и Методиј.

Секој  верник ќе има можност да се поклони пред моштите на свети Кирил.

Свети Кирил почива во базиликата „Свети Климент“ во Рим, а ова е еден од ретките сертифицирани примероци од неговите мошти.
mos_MG_4135