Московјаните не се вознемируваат од сѐ почестата нуклеарна реторика

Дигиталните рекламни паноа во Москва ги информираат жителите на руската престолнина што треба да спакуваат и да понесат со себеси во случај на нуклеарен напад, а претседателот Владимир Путин повремено на заканите од Западот предупредува дека руската доктрина предвидува употреба на таквото оружје како крајно средство на одвраќање доколку е загрозен опстанокот на земјата, но се чини дека московјаните тоа го прифаќаат спокојно, пишува Reuters.

„Мислам дека ништо нема да се случи, ако мислите на нуклеарната закана“, рекол за британската агенција 47-годишниот Андреј, кој не сакал да го открие своето презиме, стоејќи пред таков билборд пред влезот на познатиот московски парк Горки во вторникот.

„А ако ништо нема да се случи, зошто да се подготвуваме за тоа?“, додал.

Рускиот претседател Владимир Путин како одговор на британските најави дека на Украина ќе ѝ доставува артилериска и друга муниција со осиромашен ураниум, како ѝ се поголемото посредно учество на Западот во украинската војна и американските симулации на нуклеарно бомбардирање на Санкт Петербург минатата седмица, порача и дека во блиска иднина Русија ќе настојува да распореди тактичко нуклеарно оружје во соседна Белорусија.

„Не тие предупредувања не ме плашат и не го менуваат мојот однос кон светот, луѓето, и нашиот претседател“, рекла 38-годишниот Јулија Городњанскаја.

„Мислам дека живееме во најбезбедната земја во светот. Нашиот потенцијал е многу голем и верувам во нашата војска и оружјето коешто го поседува нашата земја. Ниту една земја во светот нема толку оружје како ние, и толку квалитетно оружје“, додала.

Над неговата глава на видео бимот во инсертот беа наведувани клучните продукти за „торбата за итни случаи“, којашто би требало да содржи радио приемник и храна, како и залихи од вода за три дена, се наведува во репортажата на Reuters од Москва.

Министерството за вонредни ситуации со години наназад периодично ги објавува упатствата за постапување при нуклеарна и друг вид катастрофи, но граѓаните дури сега почнуваат и да ги забележуваат.

„Нашиот менталитет е таков што луѓето нема да сторат ништо додека водата не дојде до грлото. Затоа мислам дека е добро да се информираат луѓето и да бидат подготвени“, рекол 30-годишниот московјанец Владимир кој исто така не сакала да го каже презимето.

Триесет итригодишниот Алексеј Пулкаров го проверил растојанието до најблиското нуклеарно засолниште.

„Толку е далеку што никогаш не би стасал до него. Но не се вознемирувам“, рекол.