Московскиот патријарх делумно ги прекина врските со Цариград

© AFP 2018 / Ozan Kose

Руската православна црква објави во петокот дека ги прекинала врските со Цариградскиот претријарх на кој му забелажува дека има намера да ја признае Украинската православната црква независна од Московската патријаршија.

„Секогаш кога Руската православна црква ќе се најде во тешка ситуација, примаме удари во грб од Цариградскиот патријарх“, изјави во петок шефот на дипломацијата на Московскиот патријарх, митрополитот Волоколамски Иларион на брифингот со новинарите.

Додаде дека патријархот Кирил прекинува со споменувањето на константинополскиот патријарх Вартоломеј, но не е прекината евхаристичката заедница меѓу црквите, одлука којашто во петокот ја донела Синодот на руската црква.

„Светиот Синод на Руската православна црква на своето годишно заседание донесе одлука да го спрен споменувањето на Константинополскиот патријахр во текот на богослужбите во Руската православна црква“, додал митрополитот Иларион.

„Евхаристиската заедница меѓу црквите не е прекината. Оваа одлука не го лишува свештенството на Константинополската патријаршија и Руската православна црква во вршањето заеднички богослужби“, дополнил портпаролот на патријархот Кирил, Александар Волков.

Прекинувањето на споменувањето не значи дека Патријархот московски Кирил ќе престане да го изговара името на Цариградскиот патријарх Вартоломен, односно ќе престане да се моли за негов во текот на главните богослужби. Според чиноначалствувањето со патријарската литургија, во текот на оваа богослужба неколкупати се споменуваат имиата на претстојниците на сите помесни православни цркви во светот. Според диптихот, односно списокот на ови цркви, Руската православна црква признава денес 15 во светот, при што Царигарската патријаршија поради историската традиција е на првото место на оваа листа.

Во Украина суштествува црквата којашто историски е приклучена на Московската патријаршија и втората која е зад Киевскиот патријархат, кој е самопрогласен по независноста на земјата во 1992 година и којшто не е признат од ниедна друга православна црква во светот.

Цариградскиот патријарх Вартоломеј со извесни потеи најави но официјално не објави одлука да се однесува кон украинската црква како кон автокефална, што би имало и политички импликации во полза на Киев. Цариград ја разгневи Москва кога претходно во септември испрати двајца официјални претставници во Киев.