Москва: Додека руската војска е во Запорожје нема да има нов Чернобил

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во петокот порача дека руското воено присуство во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, гарантира дека нема да се повтори „чернобилското сценарио“ односно нуклеарната закана за Европа.

Портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Иван Нечаев, во четвртокот изјави дека предлогот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш за демилитаризацијата на областа околу нуклеарката која е најголема во Европа, е „неприфатлив“.

Нуклеарката во Запорожје, која ја зазема руската војска уште на почетокот од својата офанзива во Украина сѐ уште ја одржува украинските персонал, а во четвртокот вечерта според министерството за одбрана во Москва, повторно била гранатирана од украинската војска.

Поради гранатирањата расте страв дека е можна нуклеарна катастрофа како онаа во украински Чернобил во 1986 година. Украинската државна енергетска компанија „Енергоатом“ соопшти дека руските сили наводно планираат да ги исклучат функционалните енергетски блокови во централната и да го исклучат од украинската електрична мрежа, што е опасен процес.

Според нив, исклучувањето на сложените генератори од украинската мрежа би оневозможило да бидат користени за ладење на нуклеарното гориво во случај на прекин на струјата во нуклеарката,

Исклучување на нуклеарна централа е комплициран процес во кој треба да се запре нуклеарна верижна реакција и да се спречи нуклеарното гориво да се загрее и предизвика тлеење на јадрото на реакторот.

Руското министерство за одбрана во четвртокот го обвини Киев дека планира „провокација“ крај нуклеарната централа. А во петокот Владимир Рогов, члена на проруската воено-цивилна администрација на регионот објави дека системот за заштита на нуклеарната централа е засилен поради можноста од напад од украинската војска.

„Системот за заштита на нуклеарната централа е зајакнат, но не можам да ги обелоденам сите поединости. Денот го дочекавме целосно вооружени, бидејќи до режимот на (украинскиот претседател Владимир) Зеленски сѐ може да се очекува“, рекол Рогов за агенцијата РИА.

Началникот на руските сили за радијациска, хемиска и биолошка одбрана, генерал-полковникот Игор Кирилив, претходно предупреди дека во Запорожје може да дојде до ситуација слична на катастрофите во Чернобил и Фукушима. Појасни дека доколку дојде до уништување на генераторот и пумпите, доаѓа до прегревање на јадрото а како резултат на тоа ќе дојде до уништување на реакторските постројки со ослободување на радиоактивен материјал во атмосферата и негово ширење на стотици километри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.