Москва ги негира наводите за големи загуби на морнаричката бригада во Доњецк

Руското Министерство за одбрана во понеделникот ги негираше изјавите на блогери наводно од името на припадници на морнаричката пешадија од 115-та бригада за „големи некорисни загуби во луѓе и техника“.

Претходно на блогерска интернет страница The Insider беше објавено дека наводно припадниците на 155-та бригада на морнаричката пешадија од Приморскиот крај на Далечниот исток, кои во вообичаени околности се стационирани на Пафицикот, во наводно писмо до гувернерот се жалеле дека во четири дена борби во Доњецк загубиле 300 луѓе. Но се наведува, без прецизирање, дека со оваа бројка се опфатени нивните мртви, ранети и исчезнати соборци во борбите за селото Павловка.

Гувернерот Олег Кожемјако во видео објава на Telegram ги негира изнесените податоци и истакнува дека „има загуби, но ниту приближно толку големи“ како што е наведено во наводното писмо чијашто автентичност не може да се провери. Додава дека во тоа го увериле командантите од боиштето и додава дека воените истражители се задолжени темелно да го истражат случајот.

Писмото содржи и обвинувања дека командантите ги испраќаат во „незамисливи офанзивни акции со кои не се постигнува многу“. Се жалат и дека една бригада наводно загубила половина од опремата. Ги обвинуваат командите и дека се обиделе да ги прикријат загубите и за изостанува на грижа за благосостојбата на борците. Ве наведува и дека командантите наводно „луѓето ги нарекуваат ‘месо’“.

Во објавата на Министерството за одбрана се истакнува дека единиците за кои станува збор за повеќе од десет дена спроведуваат „ефективни офанзивни операции“ во насока на Угледар „против украинската војска и странските платеници“. Се истакнува дека оваа бригада напредувала пет километри во длабочина на украинските одбранбени позиции.

„Поради компетентните дејствија на командантите на единиците, загубите на маринците во овој период не надминуваат 1 отсто од борбениот состав и 7 отсто ранети, од кои значителен дел веќе се вратиле на должност“, соопшти руското министерство.

Се додава и дека загубите на украинската страна на боиштето со споменатата бригада се просечно седум наспроти еден, а на некои делово од фронтот и девет наспроти еден во луѓе и во опрема.

Во составот на 155-та бригада на морнаричка пешадија на Пацифичката флора, се војници мобилизирани од Чукотка и Приморје. Челникот на автономниот округ Чукотка, Роман Копин, вети, исто така, дека „ќе ја разјасни ситуацијата“ и апелираше „да се верува само во проверени информации“.

На почетокот на ноември, челникот на проруските сепаратистички сили од Доњецк, Денис Пушилин, изјави дека руските единици продолжуваат со напредување кон Угледар и дека се водат борби за Павловка, село на споменатиот правец кое е под контрола на украинските сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.