Москва ги обвинува Лондон и Вашингтон за труењето на Скрипал

Русија во средата ги обвини британските и американските тајни служби за труењето на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и го повика Западот да се избегне новата Кибанска криза, од 1960-те кога светот беше на прагот на голем блоковски судир.

Русија побара итен состанок на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) чие седиште е во Хаг во средата поради овој случај.

Рускиот претеседател Владимир Путин, кој тврди дека станува збор за антируска кампања, изрази надеж дека на овој состанок конечно ќе биде затворена оваа афеа коај го педизвика најголемиот дипломатски судир на Западот со Истокот по завршувањето на Студената војна

Европската унија одби да ја поддржи во средата нацрт-изјавата на OPCW поради „недостиг од одговориод страна на Русија“, се наведува во соопштенито на ЕУ. „Жално е што Русија не покажа позитивна реакција на првичниот предлог на Велика Британија да обезбеди релевантни информации“, се наведува во изјавата но не се коментира британското одбивање на барањата на Москва.

Притоа се наведува дека ЕУ има „целосна доверба“ во британската истрага и во нивната соработка со OPCW. Притоа британската делегација во Организацијата го одбила уште еднаш предлогот за заедничка истрага со Русија, иако станува збор за руски државјани.

Русија повторно тврди дека нема никаква поврзанст со труењето од 4-ти март во јужниот англиски град Солсбери на Сергеј Скрипал и неговара ќерка Јулија, и се повикува на извештајот на британската воена хемиска лабораторија во Порт Даун во кој се наведува дека не постојат докази дека нервниот агенс е произведен во Русија.

Лабораторијата потврдува дека станува збор за нервниот отров „новичок“, како што го нарече Лондон а е познат како А234, кој наводно се произведувал своевремено во лабораториите на поранешната советска армија. Москва, пак, приложи показатели дека овој агенс бил развиван и во Велика Британија, Чешка, Словачка, Шведска и САД.

Путин, меѓутоа, тврди дека супстанцијата со којашто се отруени таткото и ќерката Скрипал може да се произведе „во дваесетина земји во светот“.

Лабораторијата во Порт Даун, којашто се наоѓа на само седум километри од местото на нападот Солсбери, истакна дека за производоството на агенсот се потребни „многу сложени методи“ со коишто може да располата институција зад којашто „стои држава“.

Велика Британија повика експерти од OPCW да направат проверка на нејзината анализа а вклучи и француски експерти. Но Лондон не одговори позитивно на барањето од Москва да предаде примероци од споменатата супстанција за проверка во руските лаборатории, според меѓународните прописи за вакви случаи.

Директорот на руската безбедносна агенција СВР, Сергеј Наришки, изјави во средата дека случајот на Скрипал „очигледно го фабрикувале тајните служби на Велика Британија и САД“. Повика притоа да не се прибегнува на сла во меѓународните односи за ситуацајата да не ескаплира до нова Кубанска ракетна криза во којашто во 1962 година САД и СССР беа на работ од нуклеарен судир.

Рускиот минситер за надворешни работи, Сергеј Лавров, оцени во понеделникот дека „случајот би можел да биде во интерес на британскта влада“, за да го сврти вниманието на тамошната јавност од проблемите со Брегзитот и неостварувањето на дадените ветувања.

Шеесет и шестгодишниот Сергеј и 33-годишната ќерка Јулија Скрипал и натаму се во болница. Јулија повеќе не е во критична состојба, додека таткото е во кома но е стабилно. Скрипал е поранешен полковник на руското воено разузнавање ГРУ, осуден е во Москва во 2006 година за предавство откако бил врбуван за британската служба MI6 на 13 години затвор. Во 2010 година е помилуван од рускиот претседател и заедно со уште двајца западни агенти е заменет за десетина руски државјани обвинети за шпионажа и кибернетички криминал во САД.