Москва ги повикува укранските борци невооружени да го напуштат Мариупол

Руската војска ги повика украинските борци, меѓу кои најбројни се припадниците на злогласниот ткн баталјон „Азов“ и странски платеници, да го положат оружјето во понеделникот утрото и да го напуштат овој стратешки важен јужен пристанишен град кој е практично разурнат за што меѓусебно се обвинуваат двете страни.

Шефот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, генерал-полковникот Михаил Мизинцев во неделата вечерта за новинската агенција ТАСС изјави дека безбедносниот коридор за украинските борци ќе биде воспоставен меѓу 10 и 12 часот по московски врме, односно 8 и 10 по македонско време.

Претходно во неделата вечерта на редовниот брифинг Мизинцев повторно ги обвини украинските „неонацисти“ дека во големите градови, вклучително и во Мариупол, цивилното население го држат против неговата волја како жив штит и не му дозволуваат да се евакуира преку хуманитарните коридори кои ги отвора руската војска, како и дека своите огнени позиции ги поставуваат токми во станбени населби близу детски градинки, болници и училишта и други цивилни објекти.

Русија ѝ предлага на Украина сите воени единици под нејзина контрола да го напуштат Мариупол „без оружје и муницијата на рутата договорена со Украина“. Притоа Москва инсистира на „офијален писмен одговор“ од Киев на предлозите до 5 часот утрото во понеделникот по московско време. Украинската страна засега не реагираше на оваа понуда.

Мизинцев истакна дека на цивилите, исто така, ќе биде овозможено да го напуштат градот и да одат преку коридорите кон териториите кои ги контролираат руските сили или во областите под контрола на Украина. Според руските податоци, во градот останале уште околу 130.000 цивили.

Градскиот совет на Мариупол неодамна ја обвини Москва дека ги носеле цивилите во Русија и против нивната волја, што го отфрли Мизинцев и ги повтори обвинувањата дека украинските паравоени формации ги предизвикале разорувањата во градот за да ја обвинат Русија.

Речиси половинамилионскиот Мариупол, во кој според последните објавени резултати од пред десет години Украинците се за три отсто побројни од Русите но над 80 отсто од населението го наведува рускиот јазик како мајчин, по превратот во пролетта 2014 година беше во составот на самопроглаената ДНР но потоа мина под контрола на украинската војска и паравоените формации, а во неговите предградија беше отворен жесток фронт.