Москва го преименува плоштадот пред амбасадата на САД во „Народна Република Доњецк“

Властите на руската престолнина Москва одговорија на долгогодишната провокаторска практика на САД и нивните сојузници и плоштадот пред американската амбасада го преименуваше во „Народна Република Доњецк“.

Самопрогласената по превратот во Киев во 2014 година источен украински административен регион Народна Република Доњецк, Русија, како и соседната во Луганск, ги призна во февруари годинава. Набрзо потоа руските војски влегоа во овие самопрогласени републики под изговор дека властите во Киев планираат воено решени на конфликтот со двете доминантно руски и рускојазични области.

Уредбата за преименувањето на плоштадот пред амбасадата на САД градската власт на Москва го објави во средата. Името е избрано во интернетска анкета во којашто беа понудени уште два предлога „Бранителите на Донбас“ и името на загинатиот водач на сепаратистите „Владимир Шог“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавно го поддржа планот за преименување на плоштадот.

Ваквата дипломатска провокација не е нова тактика. Во 2018 година плоштадот пред руската амбасада во Вашингтон беше преименуван во Плоштад на Борис Немцов, руски опозициски политичар убиен во 2014 година, на што Москва остро реагираше.

Овој пример го следеше чешката престолнина Прага така што плоштадот пред руската амбасада исто така го именуваше по Немцов, чиишто убијци во Русија беа откриени и осудени. Руската амбасада тогаш за своја службена адреса ја користеше адресата на зградата на конзулатот.

Откако во февруари започна војната во Украина, градските власти на Прага го променија името на улицата во којашто се наоѓа и рускиот конзулат нарекувајќи ја „Улица на украинските херои“.