Москва и Ријад го продолжуваат договорот за намалување на производството на нафта

YURI KADOBNOV/AFP/Getty Images)

Русија се договорила со Саудиска Арабија де го продолжи договорот со Организацијата на земјите извознички на нафата (OPEC) за намалување на производството за уште шест до девет месеци, откако цените на „црното злато“ повторно се најдоа под притисокот од зголемените резерви во САД и стагнирањето на глобалната економија.

Договорот, чијашто важност истекува во недела, ќе биде продолжен во сегашната форма и во истиот обем, потврдил рускиот претседател Владимир Путин по состанокот со саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман.

Сојузот меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта и земјите надвор од картелот предводени од Русија, познат како OPEC+, ќе се сретне на 1-ви и 2-ри јули, и на него ќе се разговара за споменатиот договор, којшто, меѓу другото, вклучува намалување на производството на нафта за 1,2 милиони барели нафта дневно. САД не учествуваат во овој договор.

„Ние ќе го поддржиме продолжувањето на договорот, и Русија и Саудиска Арабија. Допрва мораме да одлучиме дали тоа ќе биде за шест или за девет месеци. Можеби девет месеци“, рекол Путин по состанокот со бин Салман на маргините од самитот на Г20 во Јапонија.

Кирил Димитриев, извршен директор на рускиот Фонд за директни инвесиции, кој учествуваше во постигнувањето на договорот меѓу OPEC и Русија, изјавил дека овој пакт, кој е на сила од 2017 година, придонел за зголемувањето на државните буџетски приходи за повеќе од седум билиони рубљи, односно 110 милијарди американски долари.

Според него, стратешкото партнерство во рамките на групата OPEC+ го стабилизирало пазарот на нафтата и овозможува намалување и зголемување на производството. „Тоа придонесува за предвидливост и раст на инвестициите зво нафтената индистрија“, оценил Димитриев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.