Москва и Вашингтон разговараат за ослободување на Грејнер и Вилан

САД и Русија разговараат за ослободување на кошаркарката Бритни Грејнер и поранешниот маринец Пол Вилан преку специјални канали, пренесува во понеделникот руската агенција РИА повикувајќи се на високо позиционирана американска дипломатка.

Елизабет Руд, вршителка на должноста американски амбасадор во Москва, изјавила дека САД предале сериозен предлог на разгледување, но дека не добиле „сериозен одговор“ од Русија.

Москва и Вашингтон разгледуваа договор според кој Грејнер, којашто се соочува со девет години затвор во Русија по обвинувањата за криумчарење дрога, може да се врати во САД во замена за осудениот руски бизнисмен Виктор Бут, кој пред повеќе години беше обвинет за наводно нелегално тргување со оружје во САД за одредени групации. Но досега никаков договор не е постигнат околу тоа, имајќи ги предвид големи проблеми во односите меѓу двете земји во бројни сфери, во прв ред во безбедносната.

Американската кошарка Бритни Грејнер е во притвор од средината на февруари под обвинение за внесување дроги во Русија, откако наркотиците се пронајдени во нејзиниот рачен багаж со „течна супстанција со специфичен мирис“ на московскиот аеродром откако допатувала од Њујорк. Експертизата покажала дека станува збор за масло од хашиш, според рускиот Истражен комитет и за ова дело ѝ се заканува до десет години затвор.,

Триесет идвегодишната Грејнер, според тврдењата на САД, тврди дека наводно ѝ било кажано да потпише документи наводно без никакво објаснување, а преведувачот наводно само пренел „само дел од нејзините детални одговори“ во текот на истрагата по приведувањето на аеродромот.

Случајот на поранешниот американски маринец Вилан датира од 2018 година, кога е уапсен во операција на руското разузнавање насочена против странски шпиони. Беше обвинет за шпионажа и осуден на 16 години затвор во ткн казнена колонија, односно работен затвор. Неговиот татко повеќепати престојуваше во Москва и тврдеше дека тој допатувал во Русија за да присуствува на некоја свадба. Американецот не се жалеше и во моментов ја отслужува казната во Мордовија надевајќи се на размена на шпиони меѓу Вашингтон и Москва, што досега не се оствари.

Рускиот претприемач Виктор Бут е во американски затвор од 2008 година, кога беше уапсен на Тајланд од припадници на американските тајни служби. Бут беше обвинет за наводно планирање заговор за убиство на Американци и материјална поддршка на тероризам, а тој ги отфрли обвинувањата по сите точки. Во Тајланд тој доби два процеса против неговата екстрадиција во САД, кои потоа под притисок од Вашингтон беа поништени и додека сѐ уште беше под јурисдикција на тајландската влада беше пренесен во Њујорк каде што во 2012-та беше осуден на минимална казна според обвинението – на 25 години затвор. Американските медиуми го нарекота „Трговец со смртта“, а доследно американските политики, Холивуд сними и филм за кој тврди дека е базиран наводно на неговиот живот „Господар на војната“ во кој Николас Кејџ толкува лик на бескрупулозен трогвец со оружје.