САД сметаат дека одлуката за тоа кој ќе биде новиот претседател на Египет треба да ја донесе египетскиот народ, а не Москва или Вашингтон, изјавил пред новинарите претставникот на Стејт департментот Мари Харф, пренесе „Интерфакс“.
„Ние, се разбира, не даваме препораки за некоја од кандидатурите. Не мислам дека САД или г-дин Путин треба да одлучат кој да управува со Египет. Тоа е обврска што треба да ја превземе египетскиот народ“, истакнал Харф.
Коментарот на дипломатот доаѓа по изјавата на рускиот претседател, Владимир Путин, кој на средба со министерот за одбрана и министерот за надворешни работи на Египет, истакна дека Русија го следи развојот на ситуацијата во Египет со претпазливост и му посакува на раководството на земјата успеси на патот кон мирот и согласноста.