
Русија апелира до земјите членки на НАТО добро да ја проучат изјавата на претседателот Владимир Путин за деескалација на тензиите во врска со распоредувањето ракети со среден и краток дострел.
Москва побарала од НАТО да го разгледа и неговиот предлог за воспоставување меѓусебни инспекции на ракетните системи, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
„За почеток, апелираме руските иницијативи внимателно да се проучат и подготвени сме да дадеме дополнителни објаснувања на нашите предлози. Остануваме отворени за конструктивна соработка врз принципите на еднаква и неделива безбедност и рамнотежа, со цел да ги намалиме негативните последици од неуспехот на нуклеарниот договор за мал и среден дострел “, се вели во соопштението.