Москва нема да преговара во Киев за промена на цената на гасот пред исплата на ратата

Руското министерство за енергетика соопшти дека не планира да преговара за цената на гасот со Украина пред 16-ти јуни кога на Киев му истекува рокот за исплата на дел од долгот кон Моска.

„Не постојат такви планови, Москва нема да разговара за промени на цената на гасот се додека не се исплати предвидениот дел долгот кој Киев го има кон нас“, рече портпаролката на министерството за енергетика, Олга Голант.

Водечкиот руски производител на природен гас „Гаспром“ наведе дека ќе воведе систем на авансно плаќање за Украина и ќе се откаже од испорака на гас, доколку Киев до понеделник не им исплати 1,95 милијарди долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.