Москва објави кои земји би можеле да го поседуваат отровот употребен во Англија

Руското министерство за надворешни работи соопшти во саботата кои земји би можеле да поседуваат резерви од нервниот агенс „новичок“ кој пред повеќе од три децении го развила тогашната советска армија, и на тој список се земји како Велика Британија, Шведска, Словачка, Чешка, а можеби и САД.

„Како е дојдено до заклучокот дека во инцидентот трагите водат точно до Русија, кога тие ние не дадоа примероци? Водејќи се од логиката, тие не требало да ја поседуваат оваа супстанции. Со какви обрасци кај себе се воделе за да го изведат овој заклучок? Заклучокот се наметнува самиот од себе, можеби не и заклучокот, а прашањата се поставуваат: значи тие имаа примерок, кој тие го сокриваат, или генерално се е лага, од почетокот до крајот“, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова за телевизијата Россия 24.

Според Захарова, најверојатен извор на агенсот се земјите во коишто од крајот на 1990-те години се водат интензивни истражувања на материјалите од проектот „Новичок“, а тоа се Велика Британија, Словачка, Чешка и Шведска. „Што се однесува до САД, исто така, може да се постави истото прашање“, истакна претставничката на руската дипломатија.

Потврдувајќи дека за труењето во јужниот англиски град Солсбери, Москва ќе спроведе сопствена истрага откако Лондон не ги исполни нејзините барања да ѝ предаде примерок од агенсот според меѓународната пракса за ваквите инциденти, Захарова додаде дека е можно да се открие кои земји го разработувале ова хемиско оружје, доколку британската премиерка и експертите ја обезбедат формулата. Истакна, исто така, дека во Русија никогаш не било вршени истражување на хемиско оружје под кодниот назив „новичок“.

„Британската премиерка не оперира со формулата, британската премиерка манипулира само со овој многу шаблонски назив, кој веднаш асоцира на Русија, дури и со нешто руско“, заклучи Захарова.

Досега на изјавата на Захарова реагираше само Чешка. Министерот за надворешни работи Мартин Стропници негирапе дека нервниот отров употребен на 4-ти март врз поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во јужна Англија, можеби потекнува од Чешката Република.

„Се противиме на тие тврдења за потеклото (на отровот) кои не се втемелени. Ова е вообичаен начин на манипулирање со информациите во јавниот простор преку извонредно сомнителни пораки кои не можат да се докажат“, напиша Стропницки на својот официјален профил на Twitter.

Чешката министерка за одбрана Карла Шлецхтова напиша, исто така, на својот официјален профил на Twitter, дека тврдењето оти отровот би можел да потекнува, меѓу другите земји, и од Чешка, е „апсурдно“.

Пораншениот руски резервен полковник во военото разузнавање ГРУ, 66-годишниот Сергеј Скрипал кој бил врбуван за британското разузнавање MI6, осуден на 13 години затвор a потоа помилуван од рускиот претседател во 2010 година и разменет за десет руски државјани осудени во САД, и неговата 33-годишна ќерка Јулија, руска државјанка, на 4-ти март беа најдени без свест на клупа во гратчето Салсбери. Префрлени се во болница и нивната состојба и натаму е критична, но стабилна.

Меј изајви дека се отруени со ткн „новичок“, советски нервен гас кој го развила војската. Првично ја обвини Москва да се изјасни дали е одговорна за овој „невнимателен напад врз Велика Британија“ или дека ја загубила контролата вез резерви од таква опасни материи.

Русија ги негира обвинувањата деке е вмешана во тој инцидент и го одби рокот што го зададе Меј да се изјасни. Москва покрај тоа соопшти дека нема да одговори на ултиматумот на премиерката Меј сé додека не добие примероци од нервниот оторов, повокувајќи се на одредба од Конвенцијата за забрана на хемиското оружје. Оваа конвенција предвидува во случај на користење забранети суспстанции на осомничената земја да ѝ се овозможи пристап до припероци од супстанцијата за да може да спроведе сопствени соодветни анализи. Покрај тоа, руската страна бара и соработка во истрагата бидејќи станува збор и за руска државјнка жртва на овој инцидент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.