Москва одговори на странските критики за руската вакцина за Covid-19

Критиките на руската вакцина против коронaвирусот се сосема неосновани, одговори во средата рускиот министер за здравство Михаил Мурашко по скептичните изјави од Западот во однос на ефикасноста на рускиот препарат поради брзината со којашто беше направен и стана првата вакцина против новата болест Covid-19 која доби одобрување.

„Странските колеги, коишто очигледно чувстуваат одредена конкуренција, односно конкурентните предности на рускиот препарат, се обидуваат да изразат некои мислењa, коишто според нас, се апсолутно неосновани (…) Меѓутоа, повторувам, руската вакцина е резулат на одлука која веќе имаше oдредени клинички знаења и податоци“, изјaви Мурашко на брифингот за новинарите во Москва.

Рускиот министер за здравство потсети дека многу земји користеле ист или поинаков забрзан режим во истражувањето на новата вакцина. Сепак, истакна Мурашко, платформата врз којашто е создадена вакцината, е добро проучена и безбедна: таа претходно веќе беше користена за синтеза и производство на други лекови.

Мурашко потврди дека првите серии од вакцината против коронавиrусот ќе бидат пуштени во текот на две седмици, и во прв ред тие ќе бидат наменети за лекарите и медицинскиот персонал.

„Во текот на следните две седмици ќе бидат добиени првите пакувања на вакцината против коронавирусот, пред сѐ за лекарите, рече Мурашко и додаде дека производството на вакцината ќе биде првенствено насочена за рускиот домашен пазар.

„Сметам дека првите производства кои ќе бидат во Руската Федерација, ќе бидат ориентирани на внатрешниот пазар, бидејќи неопходно е да ги покриеме потребите на нашите граѓани“, рече Мурашко.

Додаде дека Русија ќе го понуди производството на вакцината на странски земји, кои уште во претклиничката фаза од тестирањата склучија такви договори, како на пример Саудиска Арабија. Претходно во средата гувернерот на бразилската сојузна дражава Парана изјави дека ќе се сретне со рускиот амбасадор во Бразил за да договорат детали за соработка и производство на вакцината во тамошниот Технолошки институт.

„Денеска веќе водиме такви преговори. Рускот фонд за директни инвестиции (РФПИ) се приклучи на активностите за директен извоз на технологиите и медицинскиот препарат, можно е производство и на други места“, додаде министерот.

Во вторникот рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија е првата земја во светот која регистрирала препарат за превенција од Covid-19, кој беше направен во истажувачкиот центар „Гамалеја“ а го доби називот „Спутник V“.

Според информациите објавени на страницата на рускиот државен регистер на лекови, препаратот ќе претставува своевиден раствор за интрамускуларно инјектирање. Се предвидува вакцинацијата да се спроведува во две фази: прво со компонентата I, а по три седмици со компонентата II. Шемата за двојно инјектирање овозможува создавање долгорочен имунитет, што според искуството на руските научници во медицината би треабало да трае до две години.

Руската вакцина се заснова на веќе добро позната платформа, на којашто веќе се создадени голем број вакцини за разни болести во светот. Како што наведува тамошното министерство за здравство, директорот на РФПИ, Кирил Дмитриев, изјавил дека Русија веќе добила барања од 20 земји за снабдувања со милијарда дози од вакцината.

И во средата продолжија коментарите во западните земји откако Русија ја регистрираше првата вакцина против коронавирусот.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека е скептичен во врска со информациите за руската вакцина. Својата позиција ја објасни со фактот дека лекот сѐ уште не ја минал третата фаза од клиничките испитување на голем примерок волонтери, па за тоа „вакцинирањето на милиони дури и милијарди луѓе“ е многу рано и, веројатно, опасно. Според него, поентата не е во тоа прв да се создаде вакцина, туку таа да биде ефикасна и безбедна.

 

Вакцинирањето ќе биде доброволно

Вакцинацијата против новиот коронавирус SARS-CoV-2 во Русија ќе биде доброволна, вклучитлно и за лекарите во оние установи каде што до 20 отсто од вработените веќе се стекнале со одреден стрепен ан имунитет.

„Во секој случај вакцинацијата ќе биде доброволна. И оние лекари коишто веќе имаат имунитет, такви има околу 20 отсто медицински работници. Има различни бројки во различни инстуции, и сметаме дака таму вакцинирањето не е неопходно. Затоа тоа ќе биде препуштено на изборот на медицинскиот работник“, изјави министерот Мурашко.

Министерството за здравтво препорачува против грип, исто така, да се вакцинираат повеќето здравтвени работници, како и лицата со хронични заболувања.

„Би сакал да истакнам дека ние би препорачале вакцинација против грипот за сите пациентни, кои имаат проблеми со дебелиниата, хробнични срцеви заболувања, болести на белите дробови, дијабетес (…) И препорачуваме вакцинирање на здравствените работници, поради нивната и безбедноста на пациентите. Обемот на вакцинираните лциа треба да биде 80 до 85 отсто“, изјави Мурешко.

Апелира да се вакцинираат и против пневмококни инфекции и педагозите и наставниците, како и граѓаните особено од ризичните групи.