Москва порача дека САД може да ја компликуваат, но не и да го запрат довршувањето на Северен тек 2

Најавените нови снакции поврзани со градењето на гасоводот Северен тек 2 би можеле да го закомпликуват довршувањето на неговото градење, но Русија и нејзините партнери се решителни да го завршат овој проект, порача Кремљ во четвртокот.

Администрацијата на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, како и самиот иден прететседател Џо Бајден, планираат нови пакети санкции насочени на запирање на овој гасоводен приект, извасти претходно агенцијата Reuters повикувајќи се на извори запонаени со ситуацијата.

Запрашан дали САД имаат стварни механизми да го запрат проектот, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков во четвртокот за новинарите препорача да не се „гата од талог кафе“ и постети дека Европа е заинтересирана за довршување на градењето.

Северен тек предвидува изградба на два цевковод со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно. Изградбата на гасоводот по вкупната делница е речиси 95 отсто, но е забавена поради американските санкции наметнати за компаниите кои ќе работат на неговото довршување.
Гасоводот минува и низ руските, финските, шведските и германските територијални води, во вкупна должина од речиси 1.200 километри. Првиот истоимен гасовод започна со работа во 2011/2012 година.

Пред една година САД воведоа уште еден пакет санции за сите компании кои учествуваат во градењето на гасоводот, па швајцарската компанија „Allseas“ го повлече свето специјално пловило за полгање цевки на морското двно. Но и покрај тоа, Русија испрати свои такви пловила кои од неодамна започаа со полагањето на недовршениот дел од гасоводот во германските води.

Конзорциумот од компании кои ги предводи руски „Газпром“, а во кој уште се австриската компанија OMV, фирмата ќерка на BASF – „Wintershall“, англиско-холандската компанија „Shell“, германската „Uniper“ и француската „Engie“ кој го финансира гасоводот „Северен тек 2 во октомрди ја доби последната неопходна дозвола за работа на гасоводот на данскиот епиконтинентален појас.

Проектот го критикуваат САД и некои земји членки на ЕУ под изговор дека ќе ја зголеми европската енергетска зависност од Русија. Полска протестира бидејќи Северен тек 2, кој ја удвојува испораката на рускиот природен гас преку Балтичкото Море во Германија, ќе придонесе полските потрошувачи да му плаќаат поскап гас на германскиот оператори. Покрај тоа, Варшава оценува дека со гасоводот наводно се загрозува енергетската безбедност на Европа, и оти со него зајакнува доминацијата на „Газпром“ на пазарот.

Истовремено помалите балтички земји Литванија и Латвија, а во прв ред Полска и Украина се против Северен тек 2. Украина стравува дека ќе изгуби значителни приходи од транзитот на рускиот гас кон европските потрошувачи, зашто двата проекта Северен тек заедно со Турски тек ја заобиколуваат. Полска, пак, стравува дека на Германија сега ќе ѝ плаќа поскап гас, бидејќи според европската регулатива руската компанија производител не може и да го продава енергенсот, ниту да го гради гасоводот. Тие се поддржани од САД, кои сакаат да создадат услови за испорака на течниот гас во Европа на американските компании, но Берлин забележува дека тој начин на снабдување е далеку поскап.