Москва потврди дека извршила напади на воените аеродроми Луцк и Ивано-Франковск во западна Украина

Руското Министерство за одбрана утринава потврди дека нејзината армија извршила напади врз воените аеродроми Луцк и Ивано-Франковск на запад на Украина, јавуваат локалните медиуми.

Официјални лица изјавија дека два воени аеродроми во градови во западна Украина биле погодени во „високо прецизни напади од голем дострел“.

Според медиумите, ова се први напади на оваа територија по започнувањето на рускиот напад на 24 февруари, кој претходно ги концентрираше акциите во близина на главниот град Киев и градовите во источна и јужна Украина.