Москва потврди учество на состанокот во Париз

Кремљ денеска потврди дека рускиот претседател Владимир Путин на 9 декември ќе учествува на меѓународниот самит на Нордиската четворка во Париз за ситуацијата во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Медведев изјави дека Путин ќе присуствува на Самитот во обид да постигне напредок во изнаоѓањето на мирно решавање на судирите во источниот дел на Украина.

Песков одби да одговори на прашањето кои се очекувањата на Москва од Самитот.

Иако Париз уште во петокот најави дека лидерите на Франција, на Германија, на Русија и на Украина на 9 декември ќе имаат Самит, Кремљ дури денеска потврди.