Москва предупреди за „крвава жетва“ од испораките борбени авиони за Киев

Испораките на британските борбени авиони за Украина ќе доведат до „воени и политички последици европскиот континент и за целиот свет“, предупреди во средата руската амбасада во Лондон во соопштение кое го цитираат агенциите.

Претходно во средата украинскиот претседател Володомир Зеленски престојуваше во Лондон и ја повика Велика Британија, во се чини договорен изјава, да испрати борбени авиони во Украина како „нова фаза“ на помошта од Западот во војната против Русија. Официјален Лондон најави дека ќе започне со обука на најмалку 600 украински пилоти за летање на напредни борбени авиони по стандардите на НАТО, што навестува дека како и во случајот со борбените тенкови ќе се врши притисок врз другите европски сојузници во Алијансата за испорака на авионот. Исто така, тоа навестува дека стотиците украински модернизирани авиони од постсоветско и руско производство се надвор од употреба или веќе уништени,

„Би сакале да го потсетиме официјален Лондон дека на неговата совест при такво сценарио ќе има ‘крвава жетва’ во следната спирала од ескалацијата (на војната), како и воено-политички последици коишто произлегуваат од за европскиот континент и за целиот свет“, се наведува во соопштението од руската амбасада во Обединетото Кралство.

Се додава и дека украинската војска, како и досега употребувајќи го западното оружје, ќе ги користи западните борбени авиони за воздушни удари врз станбени цели во градовите на одметната проруски региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје кои со минатогодишните референдуми, кои не ги признава меѓународната заедница, се признаени како територија на Руската Федерација.

„Русија, од своја страна, ќе одговори на сите непријателски чекори преземени од британската страна“, се додава во соопштението.

Претходно во средата весникот The Wall Street Journal објави дека во Лондон сериозно се размислува на Киев да му бидат испорачани борбени авиони, а во врска со написот британскиот премиер Риши Сунак рече дека „не е исклучена“ таквата можност. Покрај тоа, според телевизијата Sky News Сунак веќе побарал од министерот за одбрана Бен Валас да појасни какви авиони потенцијално би можело да ѝ бидат испорачани на украинската армија.

Сепак, во Лондон во средата Зеленски не доби ветување дека на Киев ќе му испорача борбени авиони. Зеленски, пак, ја повика Британија и другите западни земји да ѝ дата на Украина „крила на слободата“ во напорите да се скрши засега раширениот отпор на западните сојузници да се решат на таквиот чекор, стравувајќи за она што е особено проблематично од кои аеродроми би полетувале авионите.

Зеленски зборувајќи пред британските пратеници се заблагодари на досегашната помош за неговата земја и за санкциите против Русија, но давајќи му на претседателот на Парламентот, сер Линдзи Хојл, пилотска кацига со натпис „Имаме слобода, дајте ни крила да ја заштитиме“, украинскиот претседател го повика ткн колективен Запад да испорача авиони.

„Апелирам на вас и на светот, со едноставните но толку важни сборови: бробени авиони во Украина, крила на слободата“, рече Зеленски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.