Москва предупредува на западниот став кон кризата во Венецуела, Ердоган го поздрави Мадуро

Откако САД и нејзините западни сојузници го признаа самопрогласениот опозициски лидер за нов претседател на Венецуела, Русија во четвртокот ги критикуваше западните земји кои со своите „ставови покажаа како гледаат на меѓународното право“ и ги предупреди

„Настаните во Венецуела јасно го покажуваат ставот на ткн напредна меѓународна заедница кон меѓународното право, суверенитетот и немешањето во внатрешните прашања на некои земји во кои тие сакаат да ја сменат власта“, напиша на Facebook портпатролката на рускаото министерство за надворешни работи Марија Захарова од Алжир каде што шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја започна повеќедневната посета на регионот.

Како што соопштија во министерството за надворешни работи, Русија ќе продолжи да ја поддржува Венецуела, којашто е стратешки партнер на Москва.

„Ќе останеме со оваа земја на браникот на суверенитетот, на браникот против недозволивите кршења на принципот на немешање во внатрешните работи. Материјалната соработка, практичната соработка меѓу Русија и Венецуела продолжува во разни области. Апсолутно не се расположени да ја прекинеме“, порача заменикот шефот на руската дипломатија, Сергеј Рјабков.

Предупреди, притоа, дека Русија ги предупредува САД во врска во воена итнервенција во внатрешните работи на Венецуела.

„Ние сметаме дека тоа би било катастрофално сценарио, коешто ќе ги разниши темеите на овој модел на равој, кој го гледаме во регионот на Латинска Америка“, рече Рјабков.

Истовремено турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го повикал венецуелскиот претседател Николас Мадуро и му изразил поддршка откако без преседан во историјата опозицискиот лидер се прогласи за „привремен претседател“, објави потпролот на турскиот челник.

„Нашиот претседател го повика и му изрази поддршка на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и му рече: ‘Мој брате Мадуро! Главата горе, ние стоиме зад тебе!“, објави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Кан на Twitter.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, истакан дека признавањето на спикерот на парламентот за претседател на земјтата од страна на САД и нивните сојузници додека на власт е избран претседател, може да доведе до хаос.

Кинеската дипломатија соопшти дека Пекинг се противи на какво и да е мешање во внатрешните работи на Венецуеал и ја поддржува владата на претседателот Мадуро и нејзините напори да ја одржи стабилноста на земјата. Настаните околу Венецуела ги осуди и Техеран. Иранското министерство за надворешни работи оцени цека влошувањето на ситуацијата во латиноамериканската земја е резултат на американското мешање во внатрешните работи на Каракас.

Опозицискиот спикер на парламентот Хуан Гуиадо се прогласи за привремен претседател во средата и тоа со поддршка на САД и нивните сојузници како Канада и Бразил, а по оваа објава односите со Вашингтон ги прекина левичарскиот претседател Мадуро кој е на власт од 2013 година во државата којашто ги има најголемите светски резерви на нафта, но е подложена на голема криза.

Мадуро вториот претседателски мандат го започна на 10-ти јануари, по победата на изборите кои се одржаа во мај. Но САД и Европската унија стравувајќи од зголемувањето на руското и кинеското влијание на западната хемисфера, ги прогласија венецуелските избори за недемократски и бараат Мадуро да поднесе оставка.