Москва: Протест за поддршка на Крим

Во Москва денеска се одржуваат два митинга, еден за поддршка за Крим, а вториот помалку масовен е против обединување на Крим и Русија.

Според податоците на полицијата во Москва, околу 18 илјади лица се собрале на митингот посветен на настаните во Украина, јавуваат руските медиуми.

На митингот за поддршка на Крим се собрале околку 15 илјади лица, а против обединувањето на Крим со Русија околу три илјади.

Според полициски информации, неколку учесници на маршот против обединувањето се приведени бидејќи носеле знамиња со симболи од Третиот рајх.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.