Москва ја смени тактиката во војната против Украина и почна намерно да гаѓа станбени области со проектили, а една од целите е да предизвика предвремен почеток на украинската контраофанзива, објави украинската влада.
„Нема сомнеж дека тие вршат директни напади врз цивилни станбени објекти или локации со многу куќи кои припаѓаат на цивилното население“, изјави рано во вторникот на украинската телевизија советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.
„Со менување на тактиката Русија, меѓу другото, сака да испровоцира прерана украинска контраофанзива“, изјави Подољак.
За време на постудените зимски месеци, Русија претежно ја таргетираше енергетската инфраструктура на Украина. Киев со месеци ја најавува и планира пролетната контраофанзива за да ги врати областите кои се под руска контрола.
Подољак вели дека Москва сака да тестира дали Украина може да го заштити својот воздушен простор со најновите ракетни напади.
Во ракетни напади загинаа многу цивили во последните денови, особено во градот Уман во централна Украина, каде што 20 луѓе ги загубија животите откако проектил погодиле станбена зграда во петокот. Мајка и тригодишно дете загинаа во областа Днепропетровск. Киев вели дека во руските напади не биле погодени воени цели.
Од друга страна руското Министерство за одбрана ги именуваше трите фабрики од воено-индустрискиот украински сектор со што го спречила снабдвуањето со муниција, оружја и опрема на украинските единици на фронтот.
Исто така, Москва ги негирапе информациите до Украина дека биле гаѓани цивилни цели и повтори дека штетите врз цивилните објекти се нанесени од остатоците од проектилите на украинската противвоздушна и противракетна одбрана чии системи се распоредени во самите урбани средини и на цивилни објекти и станбени населби.
Според британските разузнавачи, „Русија нема доволно муниција за офанзивен успех“. Иако Москва даде „највисок приоритет на мобилизирање на својата одбранбена индустрија“, таа сè уште „не успева да ги задоволи потребите на војната“, објави во вторникот британското Министерство за одбрана.
Министерството секојдневно објавува ажурирања за војната од почетокот на инвазијата, која Москва ја гледа како дел од кампањата за дезинформација.