Москва: Со испраќањето тенкови Германија се откажа од историската одговорност кон Русија

Руската амбасада во Германија соопшти во средата дека одликата на владата во Берлин да одобри испраќање тешки офанзивни тенкови „Leopard 2“ за Украина значи откажување од својата историска одговорност кон Русија којашто произлегува од нацистичките злосторства во текот на Втората светска војна.

Претходно многу руски политичари одлуката на Берлин ја критикуваат како решение на „внуците“ на оние кои во Втората светска војна нападот кон Русија токму го изведуваа со германските тенкови преку Украина во поддршка со украинските националисти и нацисти на Степан Бандера и масовните убиства на Русите.

Во острата изјава, руската амбасада во Берлин порача дека испраќањето на тенковите ќе го ескалира судирот на ново ниво, оти ќе доведе до нови страдања на цивилното население и до „трајна ескалација“.

„Оваа исклучително опасна одлука го поткрева судирот на ново ниво и им противречи на изјавите на германските политичари за неподготвеноста Сојузна Република Германија да биде вовлечена во судирот“, се наведува во писмената изјава на амбасадорот Сергеј Нечаев.

„Тоа ги уништува и остатоците од меѓусебната доверба, им нанесува непоправлива штета на и онака тешката состојба на руско-германските односи и фрла сомнежи на можноста за нивно нормализирање во догледна иднина“, порача рускиот амбасадор во Берлин.

Киев со месеци бара „повеќе стотици до илјада тешки офанзивни тенкови“ откако руските единици започнаа со напредување на делото од фронтот во Доњецк и Запорожје и во очекување на голема руска офанзива пролетта, сакајќи на своите сили да им даде подвижност, што во западните медиуми се опишува како можност за пробивање на руските линии и повторно украинската војска да ги заземе териториите на истокот и југот.

Русија и претходно порача дека таквото вооружување само претставува „псевдо-помош“ којашто подоцна ќе ја плаќаат граѓаните на Украина а само ќе ја продолжи но нема да го измени текот на војната, како и дека јавноста на Западот е „заведена“ да мисли поинаку.

„Изборот на Берлин значи конечно одбивање на Сојузна Република Германија да ја признае својата историска одговорност кон нашите народ од страшните нацистички злосторства во текот на Големата татковинска војна и препуштањето на заборавот на тешкиот пат на повоеното помирува меѓу Русите и Германците“, предупредува рускиот амбасадор Нечаев.

„Со одобрувањето на водството на Германија, борбените тенкови со германските крстови повторно ќе бидат испратени на Источниот фронт, што неизбежно ќе резултира со смрт не само на руските војници, туку и на цивилното население“, посочи Нечаев.