Москва тврди дека Украина загубила 500 борци во руски напад врз бродоградилиште

Во текот на изминатото деноноќие, руските воздушни сили неутрализирале 500 украински борци, соопштија во средата во руското министерство за одбрана, а истовремено проруските сепаратисти во регионот Луганск објавија дека ликвидирале група странски платеници.

„Непријателот претрпува значителни загуби. На 21-ви јуни, во удари со високопрецизно оружје на руските воздушни сили, уништени се до 500 војници на 59-та механизирана бригата на вооружените сили на Украина, како и оружје и воена опрема, стационирани во погоните во бродоградилиштето „Океан“ кај Николаев“, ги пренесуваат руските медиуми брифингот во министерството.

На брифингот било додаден и дека баталјонот на 57-та украинска моторизирана пешадиска бригада, кој дејствувал во областа на местата Горское, Подлесное и Врубовка во Луганскиот регион, откако загубиле 60 проценти од составот на единиците, одбиле да ги следат наредбите на командата и самоволни ги напуштиле позициите.

Подоцна во средата Андреј Марочко, полковник во сепаратистичката „народна милиција“ на одметната Народна Република Луганск, изјавил дека неговите сили опколиле и ликвидирале група странски платеници, но не ја прецизирал бројката.

„Би сакал веднаш да истакнам дека група странски платеници беше елиминирана во текот на опкружувањето во регионот, запленети се вредни оружја од странско производство и беа добиени голем број важни разузнавачи информации“, рекол Марочко кого го цитира агенцијата РИА.

Од Народна Република Доњецк пак објавија дека проруските сепаратисти под контрола ја земале Волноваха, стратешки важен регионален центар јужно од градот Доњецк, како и претходно Мариупол најголемиот град на брегот на Азовското Море и Свјатогорск, каде се наоѓа голем православен манастир со статус на лавра.

Во Народната Република Луганск, пак, тврдат дека е „ослободена“ речиси целата територија на административниот регион Луганск пред превратот во Киев во 2014 година, со исклучок на градот Лисичанск и индустриската зона на Северодоњецк каде украинските сили сѐ уште се борат. Според Иван Филипопенко, претставник на сепаратистичката милиција во Луганск, биле направени неколку „клинови“ меѓу украинските единици кои ја држеле одбраната на потегот Золото – Гроское – Лисичанск, и тие сега се отсечени од снабдување и се наоѓаат во опкружување.

Во средата вечерта агенцијата ТАСС објави дека Телевизискиот центар Петровски во Доњецк е значителни оштетен во украинско гранатирање, поради што е запрено емитување. Кулата за емитување сѐ уште стои, но дел од опремата на неа бил уништен. Другата неоштетена опрема е дислоцирана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.